
ЦКБ АД Скопје
4.5 / 5. Оценили: 2
Оцени първи
Централна кооперативна банка АД Скопје е финансиска институција во Република Македонија чиј мнозински пакет на акции е во сопственост на Централна кооперативна банка АД Софија, Република Бугарија. Истата година со влегувањето на македонскиот банкарски пазар во 2008 година, Централна кооперативна банка АД Софија стана најголем инвеститор во РМ.
ЦКБ АД Скопје нуди универзални банкарски услуги во сите сегменти на банкарското работење. Од Народната банка на РМ е овластена за вршење платен промет во земјата и странство и е активна во работењето со менувачки пазар, акредитиви, гаранции, меѓународни плаќања, кредитно работење и берзанско работење. Покрај ова, ЦКБ АД Скопје има развиени кореспондентски односи, а исто така е членка и на Visa International. Централна кооперативна банка АД Скопје има 26 експозитури низ земјата.