Skip to content

Стопанска банка АД - Скопје

4 / 5. Rated: 2

Rate first

 

Стопанска банка АД – Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во државата во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија.

ЕМБС на СБ: 4065549

Интернационални кодови

CABLE: STOPBANKA
SWIFT CODE: STOBMK2X
REUTERS DEALING CODE: SBRM
REUTERS MONITOR PAGE: SBMA

Во модерното опкружување, кое е во постојан подем и движење, каде што личните потреби и очекувања се менуваат и каде што клиентите знаат повеќе, бараат повеќе и прават повеќе, Стопанска банка настојува да отвори нови можности преку понуда на финансиски производи и услуги што соодветствуваат на овие промени и што се лесно достапни со помош на современи дистрибутивни канали.

Со понудата на широка палета иновативни производи и услуги целосно ориентирани кон потребите на клиентот, Стопанска банка се стреми да биде партнер од доверба за своите коминтенти поддржувајќи го нивниот растеж и задоволувајќи ги нивните потреби на лесен и ефикасен начин, со цел од ден во ден да им овозможи остварување на сопствениот потенцијал и максимални животни постигнувања. Истовремено, СБ е посветена на создавање економска вредност за своите акционери, како и позитивно опкружување што ги инспирира вработените на Банката.

Член на:

 

Централа на Банката

11 Октомври бр.7, 1000 Скопје
Република Северна Македонија

Тел: +389 (0)2 3295-295

24/7 Контакт центар

Грижа за корисници

Тел: 02/3100-109
e-mail: kontaktcentar@stb.com.mk