
САВА осигурување а.д. Скопје
4.6 / 5. Rated: 5
Rate first
„САВА осигурување“ а.д. Скопје извршува работи од дејноста на неживотно осигурување, со што обезбедува сигурност за клиентите, економска заштита на имотот, возилата и лицата од ризици и гарантира добро работење со капиталот.
Врз основа на Решенито бр.18-23977/8-02 од 28.03.2003 година, Друштвото има дозвола за вршење на работи за осигурување во рамки на следните класи на осигурување:
- осигурување од последици на несреќен случај – незгода;
- здравствено осигурување кое не е покриено со задолжителното здравствено осигурување;
- осигурување на моторни возила (каско);
- осигурување на шински возила (каско);
- осигурување на воздухоплови (каско);
- осигурување на пловни објекти (каско);
- осигурување на стоки во превоз (карго);
- осигурување на имот од пожар и природни непогоди;
- други осигурувања на имот;
- осигурувања од одговорност од употреба на моторни возила;
- осигурувања од одговорност од употреба на воздухоплови;
- осигурувања од одговорност од употреба на пловни објекти;
- општо осигурување од одговорност;
- осигурување на гаранции;
- осигурување од финансиски загуби;
- осигурување на правна заштита;
- осигурување на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при патување.
Важни контакти
Информации и помош:
0800 80 000Пријава на штети:
0800 80 000
Е-маил: steti@sava.mkУправа на друштвото:
02/5101-501
Е-маил: contact@sava.mk