Skip to content

Стопанска банка а.д. Битола

4 / 5. Rated: 1

Rate first

 

Банката е формирана во 1948 година како Комунална банка –Битола, со фокус на работата во подрачјето на Битола, а од 1962 на подрачјето на Битола и Демир Хисар. Во 1966 Комуналните банки на Битола, Охрид, Ресен, Струга и Крушево се обединуваат во Комерцијално инвестициона банка Битола со седиште во централа Битола и пет филијали.

Во 1977 година се основа и конституира Стопанска банка Основна банка Битола, а во 1989 година основните банки се соединуваат, се формира Стопанска банка а.д. Скопје, а основните банки се трансформираат во нејзини главни филијали.

Стопанска банка а.д. Битола, во својата денешна правна форма отпочна со работа со одлука на Собранието на акционери од 07.06.1995 година, како самостојна банка со почетен биланс од 01.01.1995 година.

Стопанска банка а.д. Битола е правно лице чија основна дејност е прибирање на слободни парични средства и нивна алокација на местата каде истите можат најрационално да се искористат и да донесат најголем принос.

Банката е основана во форма на акционерско друштво и има универзален карактер, односно врши депозитни работи, кредитни банкарски работи вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции, работи со платен промет во земјата и во странство вклучувајќи купопродажба на девизи, брз трансфер на пари, тргување со инструменти на пазарот на пари, работи со хартии од вредност и инвестициско советување на клиенти, економско-финансиски консалтинг и други банкарски работи, во согласност со позитивните законски прописи, начелата на ликвидност, сигурност и на рентабилност.

Мисија на Банката е да се позиционира меѓу најуспешните средни банки во Република Македонија, обезбедувајќи висока стапка на поврат на средствата на акционерите и континуирана профитабилност, како резултат на стекнатата доверба и раст на базата на депоненти, креирањето и одржувањето на долгорочни врски со клиентите преку квалитет на производите и брзина на услугата, сигурноста на работните места и поддршката на пошироката општествена заедница.

КОНТАКТ

Стопанска банка а.д. Битола

Битола:

Адреса: Битола, ул. Добривое Радосављевиќ бр.21

Телефон и факс: (047) 207 500; (047) 207 552;  факс (047) 228 909 

Скопје:

Адреса: Скупи 3а, 1000 Скопје

Телефон: 02/30 87 250

Е-пошта: stbbt@stbbt.mk