Продължете към съдържанието

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

4 / 5. Оценили: 4

Оцени първи

 

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје e компанија за неживотно осигурување формирана во 2002 година како странска директна инвестиција со основачки капитал од 3,2 милиони ЕУР.

До 2020 година, единствен акционер на Друштвото е GOFI – Group of Finance & Investment SA.

Од 2020 година, со преземање на акциите единствен акционер станува Grazer Wechselseitige Versicherung AG (GRAWE Group), интернационална компанија со долга осигурителна традиција, со што Еуролинк осигурување станува дел од ова големо меѓународно осигурително семејство.

  • Еуролинк е прва осигурителна компанија на македонскиот пазар за осигурување што го воспостави „Еуролинк 24“, центар за поддршка на клиенти, за полиси и штети, достапен 24/7;
  • Еуролинк осигурување е првата осигурителна компанија на македонскиот пазар за осигурување што во 2012 година овозможи продажба на своите полиси преку интернет;
  • Еуролинк осигурување е осигурителна компанија што прва воведе програма за лојалност за своите клиенти;
  • Летната балетска школа, Школото за уметничко лизгање, уредување на читална и библиотека во Студентскиот дом „Гоце Делчев“, пешачка тура за разгледување на градовите „Мапа на културата“, поддршка на Македонска опера и балет, на фестивалот „Охридско лето“ и уште многу други активности се дел од платформата за општествена одговорност со наслов „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“;
  • Еуролинк осигурување е компанија што инвестира во развојот на пазарот на осигурување преку вложување во нови технологии и пласирање на нови продукти за заштита на бизнисите и граѓаните;
  • Еуролинк осигурување е прва осигурителна компанија која отвори онлајн филијала за осигурување со што овозможи одржување состанок со консултантите за осигурување преку мобилен телефон или лаптоп; 

Клучни бројки и податоци за Еуролинк осигурување за 2022 година

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. СКОПЈЕ

Пиринска бр.23, 1000 Скопје

Тел. (02) 32 89 301

Факс: (02) 32 31 625

Работно време: 08-16ч.

eurolink@eurolink.com.mk

www.eurolink.com.mk

www.facebook.com/eurolinkmk

ЕУРОЛИНК 24

(02) 15 888, (02) 32 89 399

Работно време: 00-24ч.

eurolink24@eurolink.com.mk