TTK Банка АД
5 / 5. Оценили: 2
Оцени първи
ТТК Банка АД Скопје како универзална комерцијална банка е формирана на 1 јули 2006 година како резултат на спојувањето на Тетекс – Кредитна банка АД Скопје и Тетовска банка АД Тетово со доминантна сопственост на Тетекс АД Тетово и Европската банка за обнова и развој како сопственик на 25 % од капиталот на Банката. Во текот на 2013 и 2014 година Европската банка за обнова и развој постепено го намалуваше нејзиното учество и од 16.11.2015 година таа повеќе нема свое учество во акционерскиот капитал на Банката.
Денес, ТТК БАНКА АД Скопје е успешна банка со стабилен позитивен раст во нејзиното функционирање, делува како универзална банка којашто успешно ги реализира сите банкарски активности, и тоа: кредитно и документарно работење со физички и правни лица, денарско и девизно штедење, платежни картички, тековни сметки, платен промет во земјата, платен промет со странство, тргување со хартии од вредност, издавање платежни и кредитни картички, менувачки работи, брз трансфер на пари MoneyGram, електронско банкарство, мобилно банкарство, електронски услуги и сервиси, како и други банкарски активности.
Ние сме универзална банка-партнер за малите и средни претпријатија којашто креира вредности за нејзините акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемничкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство.
Нашите вредности се:
Доверба – биди искрен, внимателен, доследен и транспарентен, бидејќи довербата е основата на нашата работа;
Одговорност – преземи иницијатива, донеси одлуки и застани зад нивната реализација; и
Тимска работа – креирај ефикасна и работна атмосфера, соработувај на сите нивоа со цел остварување подобри резултати.
| Грижа за корисници 24/7 | тел.: 02/32 47 000 лок. 400 e-адреса: ttk@ttk.com.mk |
| Кредити и депозити | тел.: 02/32 47 000 лок. 480 e-адреса: oddelzanaselenie@ttk.com.mk |
| Платежни картички | тел.: 02/32 47 000 лок. 017 e-адреса: cards@ttk.com.mk |
Електронско банкарство | тел.: 02/32 47 000 лок. 027 e-адреса: it@ttk.com.mk |
| Банкарски операции – денарски плаќања и приливи | тел.: 02/32 47 000 лок. 425 e-адреса: ppdenarski@ttk.com.mk |
| Банкарски операции – девизни плаќања и приливи | тел.: 02/32 47 000 лок. 410 e-адреса: ppdevizen@ttk.com.mk |
| Дирекција за маркетинг и развој на производи | тел.: 02/32 47 000 лок. 433, 452 e-адреса: marketing@ttk.com.mk |
| Дирекција за човечки ресурси, организација и поддршка | тел.: 02/32 47 000 лок. 466 e-адреса: hr@ttk.com.mk e-адреса: kariera@ttk.com.mk |
| Офицер за заштита на лични податоци | тел.: 02/32 47 000 лок. 421 e-адреса: oficerzlp@ttk.com.mk |