CrediYES
4.4 / 5. Оценили: 26
Оцени първи
Креди Јес својата мисија ја започнува во Бугарија во 2009 година, отворајќи ја првата филијала за потрошувачки кредити за физички лица достапни за сите. По 15 години работа, денес компанијата има над 100 подружници на целата територија на Бугарија и многу опции за кредитирање на физички и правни лица. Првата подружница во Северна Македонија ја отвара во Скопје, во 2019 година, а истовремено започнува и онлајн кредитирањето. Во моментот компанијата има 24 оперативни подружници во повеќе градови во земјата, со план за отварање на нови во тековната година, сѐ со цел поголема достапност на услугите за сите клиенти од нашата држава. Ако сѐ уште не е достапна подружница блиску до Вас, на располагање Ви е контакт центарот каде може да се обратите како да аплицирате целосно онлајн за да ги имате средствата на Вашата трансакциска сметка.
НАШИТЕ ПРЕДНОСТИ
Грижа за корисници
Беспрекорна услуга, секогаш тука за Вас.
Лесна комуникација
Контакт центарот и филијалите Ви стојат на располагање за сите прашања.
Достапност
Лесен пристап преку онлајн кориснички профил или лично во сите филијали ширум целата држава.
Програма за лојални потрошувачи
Големи поволности за нашите редовни клиенти.
МИСИЈА И ЦЕЛИ
Посветени на довербата која ја градиме и заедниците на кои им служиме, Креди Јес Ви стои на располагање за сите Ваши финансиски потреби.
Одговорност – Одговорно и професионално кредитирање, најдобра услуга и задоволни клиенти се нашата крајна цел и мисија.
Доверба – Нашите вработени се Вашите лојални пријатели од кои секогаш може да го добиете најдоброто финансиско советување и на кои комплетно можете да ја препуштите Вашата доверба за избор на кредитен продукт според Вашите потреби.
Приоритет – Целта на нашето финансиско друштво е секогаш да бидеме Вашиот прв избор за позајмување пари, но истовремено, наш приоритет е остварување на долгорочна соработка со Вас.
Брзина – Со имплементација и користење на fintech индустријата, клиентите можат да аплицираат целосно онлајн со максимална безбедност и заштита на нивните лични податоци, добивајќи брза услуга и квалитетен продукт од удобноста на својот дом.
Основни информации за Креди Јес
Основање: 2019 година
Решение за работа: 13-7340/4
Седиште: Даме Груев бр.3, 1000, Скопје, Северна Македонија